Зошто Андроид не е тапа
Дизајн, навигација, NFC, развивање
Го читав постов, па добив инспирација да напишам мал текст за предностите на Андроид како оперативен систем наспроти останатите мобилни OS.
Зошто е тешко да се одговори дали Андроид е тапа?
Главната причина за проблемите при одговарање на прашањето е „фрагментацијата“ — проблем кој Андроид го има од самото постоење.
Фрагментација кај Андроид — појава што настанува заради отворениот код. Секој производител го менува оперативниот систем на свој начин и создава нов екосистем. Со тоа ги буни корисниците и развивачите на софтвер.
Google пробува да го реши ова со својата документација:
На првиот линк ќе најдете дел од програмата на Google за компатибилност, како и документот Android CDD (Android Compatibility Definition).
На вториот линк ќе најдете препораки за развивачите на Андроид апликации. Тука се вклучени боите на вашата апликација, иконите, начинот на навигација и други.
Она што сакам да го кажам е дека Android има одлична замисла за како се треба да функционира. Поради отвореноста и малата контрола, производителите и развивачите го уништуваат тоа што Google го има замислено.
За разлика од тоа, Apple е единствен произведител и постои само една официјална верзија на оперативниот систем. Освен тоа, Apple има ригорозна контрола на развивачите. За да ја објават Вашата апликација, апликацијата мора да работи и изгледа совршено. http://en.wikipedia.org/wiki/IOS_app_approvals
Интерфејс кај Андроид
Основата на интерфејсот кај Андроид е таканаречената „Холо“ тема. Целта на „Холо“ е да се има одреден стил (боја, typeface, маргини, начин на навигација) наместо фрагментирани стилови во зависност од развивачот.
Денеска, многу апликации ја користат „Холо“ темата и се придржуваат до правилата за дизајн.
Get Filip’s stories in your inbox
Join Medium for free to get updates from this writer.
Освен „Холо“ темата, Андроид има многу иновации кај интерфејсот, вклучувајќи го notification bar-от кој iOS „го позајми“:
Навигација кај Андроид
https://developer.android.com/training/design-navigation/index.html
Ако го прочитате документот ќе разберете дека Андроид има измислено одличен начин за навигација низ апликациите. Андроид го решава парадоксот со “Back”:
Кај Андроид, постојат два вида на враќање:
- Back враќање, доколку една апликација вклучи друга, и кликнете назад — ќе се вратите на почетната апликација
- Up враќање, доколку една апликација вклучи друга, и кликнете назад — ќе отидете на почетниот екран на другата апликација
Пример: Одите во „Контакти“ и се одлучувате да пратите мејл. Се вклучува „GMail“, праќате мејл — и одлучувате дека сакате да го проверите инбоксот. Наместо да бидете вратени на „Контакти“, можете да се вратите Up.
Google Now
Google Now во повеќе случаи е повеќе од било кој гласовен асистент. Учи од вашите навики и пребарувања и Ви нуди податоци уште пред да ги побарате.
- Го барате тимот „Барселона“ на Google. Следниот ден, Google Now Ви прикажува резултати од Barcelona — Real Madrid.
- Одите некаде? Google ви нуди места, валута, летови и време уште пред да го прашате!
- Со едно копче имате пристап до: Google пребарување, факти, конверзија, гласовно вклучување апликации, контакти, календари, аларми и мапи.
NFC, microUSB, Bluetooth
Андроид е збир од многу стандарди. За разлика од iOS, ќе може да праќате фајлови преку Bluetooth, ќе имате OTG стандарден кабел, ќе си го полните телефонот од истиот кабел како и камерата, ќе имате NFC за во продавница или ќе си играте со NFC стикери.
Не ви е потребен Mac за да развивате
Се одлучувате да развивате апликација за iOS. Пробувате да најдете devkit — упс! Немате машина од $2000.
- Со Андроид може да развивате на Windows, Mac и Linux.
- Може да си играте со емулатори на сите платформи, како и со SDK и NDK од C++
- Може да дистрибуирате апликации без Play Store!
- ^ Според предходното, можете и да направите свој App Store!






